Кога родителите размислуваат за факултет, најчесто прашањето е:
„Дали ова образование ќе му отвори реални можности на моето дете?“
Приказната на Бојана дава јасен одговор.
По студиите по графички и UX/UI дизајн на Brainster Next College, Бојана е примена на мастер студии на KTH Royal Institute of Technology во Шведска — еден од најпознатите технолошки универзитети во Европа, рангиран на Шангајската листа.
Бојана наскоро ќе дипломира, а зад себе веќе има неколку важни успеси од студирањето на Brainster Next.
Уште во прва година, нејзиниот дизајн беше избран како победничко решение за култниот фестивал Таксират. Во текот на студиите имаше неколку практични искуства во компании, меѓу кои и пракса во нашиот дизајн тим како графички дизајнер.
Бојана беше и дел од студентите кои работеа на Умниверзум — првиот AI тутор по математика, кој од оваа година е одобрен од Министерството за образование и наука како задолжителна дидактичка алатка во наставата за учење математика во средните училишта во Македонија. Или кажано поедноставно: замислете студент да биде дел од тим што креирал алатка која ќе ја користат ЗАДОЛЖИТЕЛНО средношколци низ целата држава.
Разговаравме со Бојана за нејзиниот пат, процесот на аплицирање и како практичните студии во Македонија ја подготвија за овој голем академски чекор.

Кога сфати дека графичкиот и UX/UI дизајнот се полето во кое сакаш да се развиваш — и како го одбра Brainster Next?
Кога дојде време да одберам факултет, барав нешто практично, модерно и поврзано со индустријата. Brainster Next беше најблиску до тоа што навистина ќе ми треба утре. Се сеќавам на моментот кога сфатив дека можам да го комбинирам креативното размислување со аналитички пристап за да решавам вистински проблеми, а не само да останам на теорија.
Кажи ни повеќе за мастер програмата на KTH во Шведска и зошто ја одбра токму таа насока.
Мастер програмата е насочена кон тоа како технологијата и дизајнот се спојуваат за да создадат врвни кориснички искуства.
Ја одбрав затоа што опфаќа поширок спектар, но истовремено остава простор за специјализација.

Како додипломските студии и кој проект од Brainster Next најмногу ти помогна да стигнеш до вакво академско достигнување?
Токму преку работата на реални проекти сфатив дека не сум подготвена само теоретски, туку и практично. Кога ќе работиш со тим, рокови, фидбек и реални очекувања, добиваш самодоверба дека можеш да функционираш и надвор од факултетска средина. Практичната работа на Умниверзум најмногу ми помогна. Видов како е да се работи во крос-функционален тим, со кратки рокови и високи очекувања. Тогаш сфатив дека студиите ме подготвиле за реалноста, а и за ваков тип на мастер студии.
Како гледаш на патот од првиот ден на студии до денес?
Како огромен раст. Од почетник со некаква визија, до личност што има јасна насока и конкретни резултати. Ако треба да го раскажам мојот пат со три зборови, би рекла: динамичен, продуктивен и вреден. Секој чекор ме носеше поблиску до тоа што сакам да бидам.

Што би им кажала на матурантите и родителите кои размислуваат дали практично студирање е вистински избор?
Практичното студирање значи дека не учиш само за оценка, туку градиш вештини што директно се користат во индустријата.
После студирање ќе излезеш подготвен, не збунет.
Практично студирање што те подготвува за следниот чекор
Практичното студирање на Brainster Next College не е лесно. И не е за сите.
Затоа што ако сакаш по дипломирање да бидеш подготвен за вработување, не е доволно само да студираш.
Потребно е она што го учиш да биде релевантно.
Потребно е да развиваш практични вештини.
Потребно е да работиш на реални проекти.
Потребно е да градиш портфолио.
Потребно е да добиеш искуство пред да дипломираш.
Токму затоа студентите на Brainster Next не излегуваат само со диплома. Излегуваат со работно искуство, портфолио и самодоверба дека можат да го направат следниот чекор — без разлика дали тоа е прва работа, пракса, сопствен проект или мастер студии на универзитет во Европа.
За Бојана, следниот чекор е KTH во Шведска.
За идните студенти, можностите допрва почнуваат.
Отворен е уписниот рок за академската 2026/2027 година.
Започни го процесот за упис на Brainster Next College.
