Што значи студент уште за време на студии да работи на реални проекти, да учествува на хакатони и да стекнува искуство што директно го подготвува за индустријата?
Портфолиото на Даниел Џонтов, студент во 3-та година на програмата Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next, покажува како изгледа учење преку практика уште од самиот почеток на студирањето.
Уште од прва година, Даниел активно работи на реални проекти, учествува на пракси и хакатони и гради искуство што оди подалеку од класичната студентска рамка.
Највозбудливо искуство за него била праксата во FactumAI, каде за првпат се соочил со вистинската динамика на работа во индустријата.
-Највозбуден бев за праксата во FactumAI. Работев на реални задачи и почувствував како изгледа кога твојата работа има вистинска примена, објаснува тој.

Токму преку практичната работа почнува да се гради и начинот на размислување неопходен за инженерската професија.
-Најмногу научив од праксата во FactumAI, како и од праксата за TheFounderGames уште во прва година. Таму го изградив начинот на размислување што ми треба за работа во индустрија, вели Даниел.
Освен техничкото знаење, студиите на Next му помогнале да ги развие и професионалните вештини што се неопходни за реална работа.
-Освен класичното знаење, професорите нè подготвуваат за тоа како навистина се работи во индустријата – од комуникација во тим, до вештини што се неопходни за професионално работење, заклучува тој.

Во текот на студиите, Даниел веќе има изградено богато портфолио преку работа на различни индустриски предизвици и проекти:
- 🚀 Hackathon: Холандска Амбасада
- 🚀 Пракса: TheFounderGames – изработка на платформата
🌐 www.foundergames.com - 🚀 Пракса: FactumAI
- 🚀 Hackathon: Собрание на Македонија
- 🚀 Hackathon: Sparkasse Bank
Овие искуства покажуваат како изгледа образование каде студентите не чекаат диплома за да започнат со кариера, туку ја градат уште додека студираат.
Портфолиото на Даниел е пример дека вистинското учење се случува кога знаењето се применува во реални ситуации, со вистински тимови, вистински клиенти и вистинска одговорност.

На Brainster Next, студирањето не е подготовка за иднината, туку почеток на кариерата.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships