Младите пасивни? Почекајте да ја видите оваа генерација

Share

Младите се пасивни, незаинтересирани и нефокусирани? Колку погрешен впечаток! Младите се сè, освен тоа.
Како знаеме?
Покрај тоа што секојдневно гледаме како функционираат младите на Next и на NU, oвој викенд, во просториите на Brainster, се случи нешто што силно ја демантира широко распространетата теза. Се случи полуфиналето и финалето на натпреварот „Средношколец Милионер“.

Но не само викендов, последниве два месеци, колку што траеа фазите на натпреварот во кој што главна награда беа 1.000.000 денари, видовме генерација средношколци која размислува зрело, работи посветено и не се плаши од предизвици.

Повеќе од 1.500 средношколци од цела Македонија поднесоа вкупно 438 бизнис идеи. Потоа, беа избрани 53 идеи кои беа ставени на јавно гласање. И тука средношколците покажаа дека знаат како да си ја промовираат идејата, како да направат стратегија и маркетинг план и како да ја освојат јавноста. 

Па така, јавноста ги одбра 20-те идеи кои продолжија во полуфиналето. Полуфиналистите ги добија најдобрите ментори во Македонија кои ги менторираа и им помогнаа со совети за тоа како да го изградат својот бренд, да направат одлична маркетинг стратегија и најважно да знаат како се создава милионски бизнис и како да се продаде бизнис идејата пред инвеститор за само 90 секудни.

Еден викенд, 20 тимови и една главна награда од 1.000.000 денари

И знаете ли што беше заедничко за сите 20-тимови? 

Тоа не беше „големината“ на идејата. Ниту пак големината на тимот. Не беше ниту возраста. 

Заедничко за сите нив беше отвореноста да учат и да соберат што е можно повеќе искуство од менторите. Да постават што е можно повеќе прашања и да добијат што е можно повеќе одговори. И што е најважно, веднаш ги применуваа советите и насоките од менторите. Не прашуваа колку „само да прашат“, туку прашуваа за да научат. И научија. Научија многу овој викенд. Научија лекции кои вредат милиони и траат за цел живот.

Минута ипол за да ја „продадеш“ идејата?

Полуфиналистите имаа една несекојдневна задача пред нив: На Еlevator Pitch требаа да ја презентираат идејата за само 90 секунди.
Ако ви звучи малку, не е.
Во реалниот свет, најчесто добиваме една кратка шанса за да импресионираме инвеститор.


Само 10 тимови, од вкупно 20-те полуфиналисти, успеаа да ја го импресионираат основачот на Brainster Петар Ниновски за само 90 секудни и да си обезбедат место во финалето. 

А за тоа колку добри беа тимовите на Еlevator Pitch со Петар и како се одвиваше целото полуфинале, погледнете тука.

Во финалето 10-те тимови имаа презентации на една тајна локација.

Зошто тајна локација?

Затоа што таму ги чекаа 5 инвеститори: Огнен Огненовски (Основач и CEO на Target group), Нина Ангеловска (претприемач и поранешен министер за финансии), Данчо Димков (основач и CEO на BizzBee Solutions), Анја Марија Макеска (CMO на Бреинстер) и Петар Ниновски (основач и CEO на Бреинстер).

Секој водејќи се од своите критериуми, им поставуваа прашања и даваа забелешки за нивните идеи. И сите тимови беа одлични во совите презентации, но само една идеја го освои милионот и гласовите на жирито.

Идејата на тимот составен од тројца ученици од 3 битолски средни училишта: Иван Секуловски од „Јосип Броз Тито”, Јован Талевски од „Ѓорѓи Наумов” и Марио Рабаџиевски од  „Таки Даскало” со идејата Систем 4 е првиот победник на натпреварот „Средношколец милионер“.

Но тука не заврши возбудата и неизвествоста, затоа што инвеститорите кажаа дека имаат и две изненадувања.

Една победа, две инвестиции: што ги убеди инвеститорите?

Импресионирани од средношколците, инвеститорите им дадоа понуда: покрај главаната награда да инвестираат и дополнителни средства и нивно менторство во идејата Систем 4.

Но, уште еден тим ја доби истата понуда:

 Вториот тим средношколци составен од Марко Серафимовски и Давид Милошоски од „Јахја Кемал“-Скопје и Теодор Ивановски од  „Никола Карев” со идејата Памет Пакет, исто така, добија понуда за инвестиција и менторство од истите инвеститори.

Но зошто инвеститорите се одлучија за овие две идеи?

Прво: Веќе имаа revenue. Веќе заработуваат од својата идеја

Најважниот показател за квалитетот на една бизнис-идеја е тоа дали некој е подготвен да плати за неа. Кај двата тимови, не се работеше само за тоа дека „заработуваат пари“, туку дека нивниот производ веќе решава реален проблем за реални луѓе. Клиентите не купуваат затоа што им се другари, родители или затоа што им се допаднала презентацијата – туку затоа што добиваат решение што навистина им треба

И токму затоа ова е најчесната, најреалната и најобјективната мерка за успех. Пазарот никогаш не лаже.

Второ: Имаат тим кој дише и функционира како едно

Комбинацијата од талент, доверба и навика за заедничко функционирање е најтешката, но и највредната компонента во претприемништвото. Овие тимови го поседуваа токму тоа.

Тим што „дише како едно“ е тим во кој секој член точно знае што прави, ја разбира својата улога и лесно комуницира со другите. Кога ќе се погледнат меѓусебно, знаат што следува. Кога ќе настане проблем, сите реагираат како еден.

Ова не се гради за една недела. И токму затоа, кога еден тим функционира на овој начин, тоа се забележува веднаш:

  • нема расправии,
  • нема внатрешна конкуренција,
  • нема преправање дека „знаат сè“,
  • има искреност, упорност и целосна посветеност.

Такви тимови можат да преживеат и кога првата идеја нема да успее. Но, исто така, тие можат да создадат и втора и трета и десетта идеја. Токму поради ова, ваквите тимови се реткост и вредат многу.

Од каде е идејата за „Средношколец Милионер“?

Пред десет години, основачот на Brainster, Петар Ниновски, добива инвестиција од 1.000.000 денари од група бизнис-ангели. Таа инвестиција станува почетната точка за создавање три компании кои денес успешно работат, вработуваат и обучуваат илјадници луѓе.

„Решив да го вратам „долгот“ и секоја година да донирам по 1.000.000 денари на средношколци за да започнат бизнис. За да дојдеме до најдобриот тим, го организиравме натпреварот „Средношколец Милионер“. Годинава ја имаме првата победничка идеја и уште една во која сакаме да инвестираме. Ова не е донација, ова е чиста инвестиција. Кругот е затворен: пред 10 години некој веруваше во мене, денес јас верувам во нив. Ако јас со 1.000.000 направив 3 бизниси, овие дечки и девојки ќе направат чуда. Само гледајте ги. “ вели Петар.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!