Кога студентите стануваат дизајнери на реални брендови: Brainster Next хакатон за приватна крафт пивара

Share

Изминатиот викенд, студентите од студиската програми за UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College учествуваа на интензивен хакатон посветен на целосно ребрендирање на приватна крафт пивара.
Во текот на 48 часа, младите дизајнери работеа на создавање на нов визуелен идентитет и маркетинг стратегија, следејќи ги реалните процеси на една професионална бренд агенција.

Особено значајна димензија на овој проект е фактот што новиот сопственик на пиварата е претприемачот Радослав Каранфилов – човекот кој пред една деценија инвестираше во Brainster, верувајќи во визијата на Петар Ниновски за креирање на ново, практично и индустриски релевантно образование.

Десет години подоцна, кругот се затвора. Каранфилов повторно се појавува во приказната, но овојпат во улога на реален клиент, доверувајќи им на студентите на Brainster Next задача со голема одговорност:
да создадат препознатлив бренд кој ќе може да застане рамо до европските крафт пивари.

На прашањето зошто Кранфилов одлучи да соработува со млади таленти од Brainster Next и да им ја довери оваа исклучителна можност, тој одговори:

Поради оваа причина, на сите студенти од Бреинстер Некст им верувам исклучително — во нивниот квалитет и во нивните идеи. Затоа дојдов до идеја и заклучок дека мојот иден предизвик — ребрендирањето на оваа крафт пивара — треба да им го доверaм токму на овие најквалитетни млади луѓе во државата.

Младите се единствените чии идеи, потреби и насоки треба да ги слушаме. А ние, кои во моментов сме во позиција да создадеме можности, треба токму ним да им ги довериме.

По динамичниот хакатон студентите ги презентираа своите решенија пред клиентот и пред менторите кои се експерти од индустријата и веќе имаат богато професионално искуство во областа на брендингот и дигиталниот маркетинг. За време на презентациите, студентите на лице место добиваат фидбек за нивната работа. Со тоа, тие добиваат уште едно непроценливо искуство: конструктивна критика од експерти и подготвување за реалната работна средина каде постојано се презентира пред тимови, парнери и клиенти.

Хакатонот, кој се одржа во просториите на колеџот, уште еднаш покажа дека талентот и енергијата на новата генерација дизајнери можат да водат кон иновација и кон креирање на брендови што ја пренесуваат современата култура на крафт пивото и занаетчиството.


Дознај повеќе за Brainster Next – првиот практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство кои ги подготвува студентите за високоплатени вештини од иднината.


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!