Практична програма за новите квалитетни софтверски инженери – интервју со Никола Кусибојоски

Share

Софтверски инженер со импресивна приказна зад себе, така најкратко би можеле да го опишеме Никола Кусибојоски, лидер во областа на backend технологиите.

Од првото место на меѓународниот хакатон Codefest во 2016 година, преку искуствата во DoXteam и Amerbank, до позицијата Backend Engineering Lead во Loka, компанија од Силициумската долина со над 300 вработени, Никола ја гради својата кариера со постојана љубопитност, дисциплина и страст кон учење.

Денес, како дел од Brainster Next College, каде го предава предметот „Дизајн на кориснички интерфејс“, им помага на студентите да откријат дека зад секој добар дизајн стои логика, структура и човечко искуство, а не само естетика.

Ако треба некому да му објасниш што значи Дизајн на кориснички интерфејс во една реченица, како би го претставил?

Би рекол дека тоа е она визуелното, естетското и убавото нешто што нè тера повторно да се вратиме на истата апликација или производ.
Навистина е тешко да се најде вистинската дефиниција за дизајн, а особено за „дизајн на кориснички интерфејс“, знаејќи дека тука неизоставен дел е и корисничкото искуство.
Сите ние, како крајни корисници на некоја апликација, имаме причина зошто ја користиме, најчесто тоа е лесното користење и визуелниот изглед кој нè привлекува.

Кое е најчестото изненадување кај студентите кога ќе сфатат дека „дизајн“ не значи само естетика, туку и логика и искуство?

Секоја година првиот час по предметот го започнувам со две прашања:
„Што е дизајн?“ и „Што е кориснички интерфејс?“
Колку повеќе дебатираме, толку повеќе сфаќаме дека нема еден точен одговор. Тоа само докажува дека дизајнот е сложен, повеќеслоен процес.
Иако често го користиме терминот, ретко можеме едноставно да го објасниме. Изненадувањето за студентите е токму во тоа, дека секое дизајнирање, без разлика дали е апликација или нешто друго, мора да помине низ фази како истражување, планирање, скицирање и создавање прототип.

Како им помагаш на студентите да најдат баланс помеѓу креативноста и техничката прецизност во интерфејс дизајнот?

Овој предмет се изучува на смерот Софтверско инженерство и иновации, па фокусот ни е на технологиите преку кои дизајнот станува реална приказна: HTML, CSS и TailwindCSS.
Креативноста повеќе им ја препуштаме на колегите од смерот UX/UI и графички дизајн, но големо внимание посветуваме на тоа што значи добар и квалитетен дизајн: кои практики се прифатени, кои бои се користат, како се обезбедува респонзивност и целокупна функционалност на апликацијата.

Како ја гледаш улогата на дизајнот во иднината на технологијата, особено во свет каде AI сè повеќе ја презема техничката страна?

Во светот на креативноста и дизајнот, вештачката интелигенција нема свое место.
Креативноста е неисцрпна и живее во имагинацијата на човечкиот ум, не во „суперкомпјутер“.
Разликата помеѓу дизајн создаден од човек и од вештачка интелигенција е очигледна.
Секако, моменталните AI алатки се корисни за брзо прототипирање или експериментирање, но не и за создавање целосно одржливи решенија.
Во иднина очекувам AI алатките сè повеќе да ја преземаат техничката, а сè помалку креативната страна.

Што најмногу ги издвојува студентите на Brainster Next кога влегуваат во пазарот на трудот?

Првенствено, тоа што изучуваат модерна, практична програма со сите неопходни знаења за да станат квалитетни софтверски инженери.
Работат со технологии кои се применуваат секојдневно, а не со застарени концепти.
Широкиот спектар на предмети им овозможува да откријат што навистина им лежи.
Највредно од сè, уште од првиот ден работат на реални проекти, што им овозможува да ги разберат процесите во компаниите пред воопшто да станат дел од нив.


Дознај повеќе за Brainster Next – првиот практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство кои ги подготвува студентите за високоплатени вештини од иднината.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!