Како Brainster Next College го претвори моето дете во сигурен професионалец – интервју со Весна Петковска

Share

Замислете ги Вашиот син или ќерка по само три години студии: сигурни во себе, со силни професионални вештини, подготвени да презентираат и нудат решенија за државни институции, да работат на значајни реални проекти и да се приклучат во тимови со експерти уште пред дипломирањето. Ова е реалноста за студентите на Brainster Next College.

Разговараме со Весна Петковска, мајка на Давид Петковски, дипломец од првата генерација на насоката Софтверско инженерство и иновации. Денес, Давид е дел од тимот на Brainster како девелопер, а зад него стои листа на успеси: учество на хакатони, развој на софтвер за транскрипција на седници на Собранието, презентации пред Претседателот на Собранието, Врховниот суд и пред медиумите. Весна вели дека Brainster Next не само што му ги изострил техничките вештини, туку од нејзиниот син изградил зрела, самоуверена личност која денес е подготвена за живот и кариера.

За Весна, Brainster Next е единствен факултет кој преку практични проекти ги учи студентите да ги совладаат најбараните програмерски вештини, но и педагошки работи на нивниот личен раст, карактер и самодоверба, подготвувајќи ги не само за професионалните, туку и за животните предизвици. И токму тоа е пораката што таа им ја упатува на сите родители: да не се двоумат, Brainster Next е вистинскиот избор за сигурна кариера и иднина на нашите деца.

Како првпат дознавте за Brainster Next College и што ве убеди да го разгледате како опција за Давид?

Давид за време на своето школување имаше одлични резултати во сите области, но ние, следејќи го неговиот развој, верувавме дека информатичките науки се полето во кое би блескал. Во трета година, меѓутоа, почна да се двоуми. Наставата по информатика беше претежно теоретска, апстрактна и монотона, а тоа го натера да се запраша дали воопшто сака да продолжи во таа насока.

Тогаш почнавме да бараме курс преку кој ќе има можност практично да искуси што навистина значи програмирање. Од пријатели слушнавме за Brainster Академијата и нивните курсеви засновани на работа на реални проекти. Го запишавме Давид и тој беше воодушевен: од предавањата, од професорите со нивниот позитивен дух и ентузијазам, и од практичните задачи кои беа вистинска работа на реални проекти. 

По тој курс, неговиот пат беше јасен. Ние како родители веќе бевме сигурни: ако Brainster некогаш отвори факултет, сакаме Давид да продолжи со нив. Кога тоа се случи, одлуката беше сосема логична.

Кои беа вашите најголеми грижи или прашања пред да се запише?

Моето прво прашање беше дали факултетот е акредитиран од Министерството за образование. Сакам Давид да гради кариера и живот овде, а не во странство. Штом добив потврда за тоа, знаев дека сè ќе биде во ред.

Како изгледаше студентскиот живот на Давид, од Ваша перспектива како родител и на кое негово достигнување како студент сте најгорди?

Давид беше полн со ентузијазам, во ниту еден момент не забележавме пад во неговата желба да учи и да се надградува. Тој бил вреден и исполнителен секогаш, но со студиите на Brainster Next почна да учи за себе, а не за некоја оценка на хартија. Преку недела имаше предавања и вежби, а викендите често учествуваше на натпревари во програмирање.

Тука, преку тие хакатони, научи да работи брзо, под притисок, но пред сè, за мене најбитно: да работи тимски. Таму почна да се чувствува како дел од тимот.  На еден од тие хакатони, со својот тим, изработи програма за Собранието за транскрипција на седниците – нешто што многу им го олеснува работењето на новинарите кои известуваат за работата на Собранието, но и за целокупната транспарентност на законодавниот дом. И нашиот Давид учествуваше во тоа! Уште како студент! Тоа за нас беше огромна гордост и почеток на неговата професионална приказна. Ние како родители можеме само да сме благодарни за шансата што Brainster Next му ја даде токму на Давид. Brainster Next зеде едно квалитетно дете, го доизгради, му даде самодоверба, го направи способен да презентира пред Претседател на Собрание, пред Претседател на Врховен суд, пред пратеници, пред камери и новинари и ни го врати нам, на родителите, како зрела, оформена личност со која само можеме да се гордееме.

Што најмногу Ве импресионираше од начинот на кој колеџот работи со студентите?

Токму иновативниот пристап на професорите кон студентите, нивната отвореност да одговорат на сè што е нејасно, да бидат рамо до рамо со децата додека работат, нам ни беше клучен. И секако, практичните проекти низ кои научија да создаваат програми кои не се ниту лесни ниту едноставни и се предизвик и за поискусни од нив.

Дали забележавте промени кај Давид додека студираше: во начинот на размислување, самодовербата, професионалните вештини?

Давид се изгради прво во професионална смисла. Тоа му даде самодоверба, го доизгради неговиот карактер, да биде уште поисполнителен и поодговорен – и најбитно од сè, го научи да гледа во иднината и да планира за себе и за тие околу него… преку него сите да растат и да имаат придобивка.

Како се чувствувавте кога дознавте дека по дипломирањето ќе работи во тимот на Brainster?

Бевме пресреќни затоа што Brainster му стана како втор дом. Веќе со студиите, таму, во таа средина, се чувствуваше најкреативен, најисполнет и му беше задоволство да работи меѓу луѓе кои се пред сè професионалци, од кои може да научи низ работата уште повеќе.

Што би им порачале на родителите кои денес размислуваат дали Brainster Next е вистинскиот избор за нивното дете?

На родителите би им порачала да не се двоумат, затоа што Brainster Next е единствен факултет кој преку практични проекти со некој од над 200 деловни партнери кои ги имаат, ги учи децата да ги совладуваат вештините на програмирањето од една страна, но од друга страна работи педагошки на нивниот личен раст и развој како личност која по завршувањето ќе биде спремна да се носи со секакви предизвици: не само професионално, туку и во секакви животни ситуации. И уште една исклучителна поволност: студентите може да студираат за 0 денари буквално, без никакви трошоци, се до вработувањето – кое пак, исто така им го гарантира колеџот. Звучи како понуда од соништата, но е реална. Тука кај нас, во Македонија, во Brainster Next. Факултетот кој обезбеди кариера за мојот син. И му помогна да се изгради во квалитетен и зрел човек.

Доколку сега е вашиот момент да донесете одлука за студиите на Вашето дете: Последниот уписен рок на Brainster Next – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство е отворен! Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонална поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!