72 студенти започнаа со летни пракси на Brainster Next College: Вистинско работно искуство за младите што се чекор напред

Share

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите во процесот на пронаоѓање работа е барањето за претходно работно искуство- парадокс кој ги става во збунувачки круг: не можат да добијат работа без искуство, а не можат да стекнат искуство без работа. Иако многу млади се мотивирани, образовани и полни со идеи, честопати токму недостатокот на практична работа им ја затвора вратата уште на самиот почеток од нивната кариера.

Но не и за студентите на Brainster Next факултетот. За нив ова лето не е пауза, туку можност за вистински почеток. Почеток на кариера што се гради свесно, со труд и со план.

Наместо главна преокупација да им биде планирањето и заминувањето на одмор, тие тргнаа кон нешто што ќе им донесе многу повеќе: искуство, самодоверба и реална вредност за нивната иднина.

Преку летните менторски пракси организирани со нашата партнерска мрежа која брои повеќе од 200 компании, како што се Johnson Matthey, Државен завод за статистика, 42 Dynamix, Тетар Комедија, Factum AI, Mikrosam, MHRA, Brainster им овозможи на студентите да работат на вистински проекти, со реални тимови и клиенти.

Ова не се класични пракси каде студентите само набљудуваат, напротив, тука, тие се активни членови на тимови, вклучени во развојот на производи, во решавањето на реални проблеми и донесување одлуки. Работат тимски, со поддршка од ментори, а најчесто сè се одвива во флексибилна средина, токму како што изгледа работата во денешниот дигитален свет.

Проектите се разновидни и директно придонесуваат за напредокот на нашите институции, компании и стартапи:

  • развивање на веб-платформа за Театар Комедија,
  • создаваат интелигентен AI модел за Државниот завод за статистика, кој ќе може визуелно да ги прикажува државните податоци,
  • работат на екстензија за Microsoft Word 
  • вклучени се во редизајнирање на веб-страници во соработка со јавни институции или иновативни ИТ-компании. 
  • работа во креативни агенции.

Со овие менторски пракси, студентите добиваат шанса да ги применат знаењата стекнати на колеџот и да ги надградат со практично искуство. Но уште поважно, тие учат како изгледа работата на вистински производ, како се комуницира во тим, како се презема одговорност и како е да се биде дел од нешто поголемо.

Ова е драгоцено искуство за секој студент, затоа што покрај знаењето, најголемиот предизвик за секој млад човек е токму тој прв чекор: да се почувствува способен, подготвен и вреден за работниот свет. А токму тоа го добиваат со помош на менторските летни пракси.

Нашата цел е да пренесеме квалитено современо знаење и вештини на студентите, да ги научиме како да работат со самодоверба, на тимска работа, со преземање одговорност и со реална слика за тоа што значи да си професионалец.

Токму затоа, за студентите на Brainster Next факултетот ова е лето во кое ќе го постават темелот на нивната кариера која се гради чекор по чекор, но со вистинска посветеност и менторство од искусни професионалци.

Со само 12 преостанати места, ова е последната шанса да станеш дел од Brainster Next College и да ја започнеш кариерата уште додека студираш. Пријави се сега и полагај го приемниот тест!

Доколку сте родител, закажете информативна сесија за да ви помогнеме заедно со Вашето дете да ја донесете најдобрата одлука за образование.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!