Студентите на Brainster Next ja редизајнираа веб-страницата на SMIDGIN и добија понуда за пракса

Share

Како дел од практичната настава на Brainster Next College, студентите од втора година на студиската програма UX/UI и графички дизајн работеа на вистински проект – редизајн на веб-платформата на македонскиот бренд за џин, SMIDGIN. Овој проект беше дел од наставната програма со цел студентите да добијат директно искуство со работа со клиент, од бриф до финална презентација.

Брифингот се одржа на уникатна локација – во самата дестилерија на SMIDGIN, каде студентите имаа можност да ја искусат целата приказна зад производот преку ексклузивна тура. Овој пристап им овозможи подобро да ја разберат суштината и филозофијата на брендот, што понатаму се рефлектираше во нивната работа. По неколку недели, студентите ги презентираа своите завршни решенија пред клиентите и своите ментори. Каролина Арменска, претставничка од SMIDGIN сподели:

„Самите презентации ги надминаа сите наши очекувања поради тоа што добивме можеби 16 врвни решенија и идеи од сите студенти. Ми се допадна тоа што секој од нив многу детално ја има изработено презентацијата, како и самата веб-страница. Се познава дека многу добро ги слушале нашите презентации и бриф сесии. Ми се допаѓа стилот на студентите и покрај тоа што можеби работеле во исто време и на исти часови — секој има различно решение“.

Целта на проектот беше преку дизајнот да се пренесе автентичната приказна на брендот SMIDGIN – неговата уникатност, крафт пристапот и локалниот идентитет. Студентите сработија дигитални решенија кои визуелно ја претставуваат можноста за онлајн нарачка на производите, ја раскажува приказната за дестилеријата и ги истакнува вредностите на брендот. Дополнително, изработија и корпоративен каталог со цел SMIDGIN да се претстави пред потенцијални деловни партнери на професионален и автентичен начин.

„Мислам дека целиот процес беше многу добро организиран, како од страна на SMIDGIN, така и од страна на Brainster. Brainster Next College ни обезбеди можност да посетиме и да видиме како еден македонски џин може да се произведе, како се пробива и останува на пазарот. Посетата на дестилеријата ни сите ни даде различна мотивација и инспирација за проектот. Нашите решенија за дизајн на веб-страница мислам дека на крај испаднаа солидни“ – Андреј Стојановски, студент на UX/UI и графички дизајн.  

Резултатот?
Клиентите од SMIDGIN беа презадоволни и изненадени од професионалноста, креативноста и пристапот на студентите. Толку многу, што одлучија да понудат две практикантски позиции: едно за маркетинг и едно за дизајн – директно на нивниот проект.

Ова е токму тоа што го прави Brainster Next различен – учење преку реална работа, со ментори и компании од индустријата. Со фокус на практичното учење, нашите студенти се подготвуваат за високоплатените професии на иднината во области како што се вештачка интелигенција, претприемништво, иновации и модерен начин на размислување.

SMIDGIN, првиот македонски џин произведен во крафт дестилерија, е бренд кој успешно ја комбинира традицијата со модерен дизајн и префинет вкус. Нивната приказна и визија беа вистинска инспирација за студентите да ја преточат во уникатно дигитално искуство.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!