Во рамки на практичен проект, студентите се истакнаа и на полето на технологија со општествено влијание, развивајќи дигитално решение за Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р.С. Македонија – едно од најпознатите здруженија за заштита на човекови права.
Целта на проектот беше развој на целосно функционална веб-платформа која ќе го олесни процесот на пријавување и следење на случаи на говор на омраза.

UX/UI дизајн
Студентите по Графички дизајн со UX/UI се фокусираа на креирање на корисничкото искуство и интерфејсот, обезбедувајќи платформата да биде интуитивна и лесна за користење. Дизајнот е структуриран така што корисниците можат брзо и јасно да го поминат процесот на пријавување на случај, со посебно внимание на визуелната јасност и достапноста на информациите.
Фронт-енд и бект-енд развој
Додека пак, студентите по Софтверско инженерство и иновации ја реализираа техничката имплементација на платформата, кодирајќи ги фронт-енд компонентите за интеракција со корисниците, и бект-енд логиката за обработка, складирање и систематизирање на податоците, овозможувајќи целосно функционално решение.

Клучни функционалности на веб-страницата
Платформа овозможува едноставно пријавување на случаи на говор на омраза преку формулар во кој корисниците можат да внесат релевантни информации, како што се:
- градот или локацијата каде што се случил настанот
- лице или организација поврзана со говорот на омраза
- причина или контекст во кој се случил случајот
Дополнително, системот овозможува следење на пријавите и нивно систематско организирање, што може да помогне во анализа на податоците и креирање извештаи.


Практично искуство со вистинско општествено влијание
Преку овој проект, студентите стекнаа практично искуство во развој на дигитални производи, применувајќи технички и креативни вештини за решение со реална општествена вредност, кое придонесува кон подобра евиденција и справување со говорот на омраза.



Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до €1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships