Ништо не е невозможно кога многу труд и желба се дадени на вистинското место

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите први запишани студенти. Андон Ангов има амбиција да стане одличен UX/UI дизајнер.
zapoznaj-gi-studentite-andon-angov | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Андон Ангов е 22-годишен гевгеличанец кој е веќе студент на Академијата за UX/UI на Brainster (Бреинстер), но бидејќи е при крај, се одлучи за нов предизвик во животот. Желбата за стекнување на нови знаења од ИТ областа, го донесоа на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), каде од октомври ќе ја изучува тригодишната студиска програма за Софтверско инженерство и иновации.


Андон ни раскажа дека е сопственик на Villa Vadian & Pool, која ја издава. Смета дека издавањето е професија која во суштина се заснова на истите принципи како и самиот UX/UI.

„Кога го работиш тој бизнис, две работи се клучни. Едната е гостите да имаат извонредно искуство додека престојуваат, а другата е континуираното надградување на објектот кој го издаваш како од визуелен, така и од технички аспект. Осознавајќи го ова и увидувајќи дека е нешто кое ме исполнува и во кое сум успешен, дознав за Brainster, па се запишав на Академијата за UX/UI дизајн, со цел уште повеќе да ги развијам овие вештини и да станам одличен UX/UI дизајнер“, вели Андон.

Но, да го запознаеме подобро!



Што ти остави најголем предизвик на Академијата? 

– Целата академија до сега, за мене претставува едно многу позитивно искуство. Она што најмногу ме фасцинира, а што се среќава на сите академии на Brainster е иновативниот начин на учење и работа. Се што се предава е јасно и концизно или како што би се кажало ,,to the point”, односот на менторите кон студентите е пријателски и сето ова како студент ме охрабрува да давам сѐ од себе. Од сето она до сега што го имам научено не би издвојувал едно нешто како најважно, зашто целата академија е одлично обмислена и структурирана, така што секоја материја претставува следен ,,stepping stone” кон целта, а тоа е да бидеме одлични UX/UI дизајнери. 


Зошто избра да студираш на Brainster Next College, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања? Дали можеби искуството со Brainster беше пресудно да се одлучиш и за колеџот?

– За колеџот дознав уште на почеток од UX/UI академијата преку комуникација со нашиот извонреден Student success manager, Александар Ѓурчевски. Меѓутоа, тоа беше пред околу 8 месеци и тогаш сѐ уште бев на самиот почеток од UX/UI Академијата и целата идеја и муабет околу колеџот не ми беше во примарен фокус. Официјалното објавување на Brainster Next се поклопи со моето привршување на UX/UI академијата, кога веќе и самиот почнав да го префрлам мојот фокус како кон наоѓање на работа, така и кон мојот следен едукативен предизвик. За Brainster имам да кажам само позитивни зборови и сум благодарен за неговото постоење во нашата земја, па затоа за колеџот очекувам да биде ,,Бреинстер на стероиди” во позитивна смисла на зборот. Токму поради моето лично позитивно искуство со самата академија, искуството на другите колеги како од мојата, но и од другите академија на Brainster, како и уникатноста на овој колеџ на нашите простори, беше пресудно за да се запишам на истиот без многу двоумење.  


Што најмногу те привлекува кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?

– Размислувањето, логиката, математиката, како и програмирањето ме влечеле отсекогаш. Меѓутоа, она што е пресудно е мојата желба за изнаоѓање на решенија, а со тоа и создавање и иновирање. Истата таа желба ме однесе на Академијата за UX/UI дизајн. Со текот на учењето и работењето осознав дека создавањето на квалитетни дигитални решенија изискува познавања од сите области на информатиката. Така, не е доволен само добар UX/UI, како што не е доволен ниту само добар Back-End или пак Front-end, туку она што е потребно е квалитетна симбиоза од сите нив. Затоа и одбирам кариера во овој правец, знаејќи дека доколку дадам доволен труд, Brainster несомнено може да ми овозможи стекнување со горенаведените знаења. 


Ја разгледа ли студиската програма на Brainster Next, предметите, наставниот кадар, праксата… Што ти се допаѓа најмногу,  што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување?

– Хмм, ова е тешко прашање зашто ми се допаѓа програмата во целост, инаку немаше да бидам тука. Меѓутоа, кога би морал да издвојам нешто од овој револуционерен колеџ на нашите простори, би издвоил две работи. Првата е тоа дека е применет колеџ кај што покрај стандардните пракси коишто ги има на речиси сите технички факултети, овде во суштина целиот факултет и материјата ќе биде изучувана во стил кој подразбира секојдневно практицирање на истото, преку често работење на реални проекти и хакатони. Втората, но не и помалку битна работа, која многу често се занемарува кај нас, е пријателскиот однос кон нас студентите и желбата и посветеноста на колеџот од неговите 75 студенти да продуцира кадри кои навистина ќе вредат. 


Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ, дали можеби учењето на UX/UI ти беше доволен предизвик, па се охрабри за да посакаш да учиш и додипломски студии во ИТ областа?

-На ова прашање веќе делумно дадов одговор погоре, но овде ќе ја искористам можноста да елаборирам малку подетално. Како бивш студент на ФИНКИ, кадешто учев само 1 година, факултетите и ИТ сферата не ми се непознаница. После ова мое кратко искуство, чувстував дека мора да постои нешто подобро, нешто посовремено. Првиот чекор кон тоа подобро и посовремено беше Академијата на Brainster, која сега ја гледам како еден вовед во она што уште пред 4 до 5 години го барав и замислував, но едноставно не постоеше на нашите простори. 


Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен имаш ли можеби некое интересно хоби?

-За себе би кажал дека сум човек кој наоѓа задоволство во работата која што ја сака кога ја прави. Во животот најмногу ме инспирира, а воедно и мотивира растот и развојот, или со други зборови реализирањето на потенцијалот. Моментално, а и периодов наназад сум целосно поветен на UX/UI дизајнот и академијата, од учење и задачи, преку хакатони, до фриленс работа. Немам некое екстравагантно хоби, но она што најдобро ми ги полни батериите се играњето тенис и патувањето.

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

– Во ова динамично време ова е дефинитивно тешко да се предвиди со сигурност, но за своја цел или да речеме некаков ,,end game” би сакал да работам во некоја од најголемите светски компании, од калибарот на Google & Apple. Ова е дефинитивно голема цел и за некоја што го чита ова може на прв поглед да изгледа и ептен претенциозно, меѓутоа верувам дека со многу многу труд, работа и желба, дадени на право место во право време ништо не е невозмножно и ,,sky is the limit”.

Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!