Замисли IT колеџ каде самиот колеџ ти наоѓа пракса или вработување! – Brainster NEXT факултет

Share

Практичното знаење и искуство се клучни за успех во секоја индустрија. Затоа во Brainster Next – првиот акредитиран практичен ИТ- колеџ, студентите не само што се едуцираат, туку и се подготвуваат за реалниот свет од самиот почеток на студиите. Посветеноста кон практичната настава и силните партнерства со водечки компании од различни области – софтверски, блокчејн, маркетинг и дизајн агенции – им овозможуваат на студентите уникатна предност на пазарот на труд.

All in One SEO

April 11

Летото за студентите на Brainster Next не е период за одмор, туку време за практична работа во водечки компании од индустријата. Тие се соочуваат со вистински предизвици, градат професионално портфолио и ги усовршуваат своите вештини. Ова претставува огромна можност за студентите да развијат независност и да ја искусат работната атмосфера.

Зошто овие компании избираат да соработуваат со студентите од Brainster Next? Одговорот е едноставен: тие препознаваат квалитет, иновативност и подготвеност за работа. Студиската програма е дизајнирана да ги опреми студентите со вештини кои се директно применливи во индустријата, а фокусот на практична работа им овозможува да ги применат своите знаења на реални проекти. Благодарение на партнерската мрежа од над 200 компании и современата методологија, индустријата избира да соработува со студентите на Brainster Next и заедно да креираат релевантни продукти со позитивно влијание на заедницата.

Еден од примерите за ова е соработката на нашите студенти од насоката Софтверско инженерство и иновации со НЕТВОРКЕР на проектот The Founder Games. Нивната задача беше да изработат платформа за поддршка на стартап екосистемот, што им овозможи директно да придонесат кон иновациите.

„Мислам дека ова беше едно многу големо искуство за нас кое ќе ни придонесе премногу за понатаму. Работевме на нешто што е доста иновативно и веруваме дека ќе биде исклучително корисно и за во иднина.“ — Кристијан Кралевски, студент на Софтверско инженерство и иновации.

Друг импресивен проект е реализиран во соработка со ТАРГЕТ ГРУП, каде студентите од трета година развија иновативен модел за предвидување на стечај на компании, анализирајќи податоци од 60.000 компании – прв ваков проект во Македонија!

„Соработката којашто ја имавме навистина ги надмина моите очекувања. Првенствено од ентузијазмот и посветеноста на студентите што беше евидентна уште од првата заедничка средба каде што ги споделивме заедничките очекувања. Резултатот постигнат од студентите, е одлична основа за градење на нешто што ќе биде вистински бум во македонскиот пазар и неопходна алатка во работата на секоја компанија и финансиска институција“. – Марија Јовановска, оперативна директорка на ТАРГЕТ ГРУП.

„Работевме со многу ентузијазам и со визија да направиме нешто што ќе има реален импакт. Видовме колку клиентите од ТАРГЕТ ГРУП беа воодушевени и тоа ни го крева ентузијазмот за понатаму“ – Лео Новковски, Софтверско инженерство и иновации.

Нашите студенти имаат можност да работат и со компании кои се лидери во блокчејн технологијата, како што е Blockia Labs. Марко Велиновски и Мартина Соколеска ја искористија својата пракса за да го прошират своето знаење и да се вклучат во реална работна средина.

„Мојот омилен аспект од праксата е тоа што имавме најдобро менторство што може да постои. Менторот беше постојано достапен за комуникација и беше тука да одговори на нашите прашања. На праксата успеав да го надополнам знаењето коешто го имав стекнато и да скокнам од колеџ во реална работна средина. Добивавме материјали и ресурси и бевме насочени за она што треба да го знае еден програмер и како да се вклопиме во тим“. – Мартина Соколеска.

„Марко и Мартина се фокусираа на блокчејн технологии и поминаа одлично како дел од нашиот тим. На пракса, дојдоа генерално со добра подготовка и предзнаење од она што претходно го имаат поминато на колеџот.“ – Панче Исијаски, основач на Blockia Labs.

Brainster Next колеџот ги поддржува нашите студенти да ги развијат своите вештини и во креативните индустрии, преку партнерства со маркетинг и дизајн агенции како Movement и KOMA Design Studio.

„Се одлучивме за практикант од Brainster Next College врз база на предавачите, студиската програма и она што можевме да го видиме како ниво на квалитет на предложените студенти на пракса“ – Ива Дујак, основач и CEO на Movement, маркетинг агенција.

„Се одлучивме за практикнат бидејќи веруваме во нивните креативни вештини, современи идеи, како и познавање на софтверот и на актуелните тренодив“ – Небојша Гелевски, owner and CEO KOMA Design Studio.

По завршувањето на студиите, Brainster Next колеџот активно им помага на студентите да стигнат до работен ангажман. За време на студирањето, тие добиваат континуирана поддршка и менторство од искусни професионалци од индустријата, а колеџот активно работи на нивно поврзување со компаниите каде што ќе го продолжат својот професионален развој. 

Brainster Next колеџот обезбедува сеопфатно образование и конкретни можности за професионален развој на своите студенти уште во текот на студиите. Воспоставените партнерства со релевантни компании од индустријата ја потврдуваат силната ориентација кон практична настава и посветеноста на колеџот во креирање идни предводници во информатичката технологија и сродните домени. 

Закажи инфо сесија и дознај за сите можности и предности коишто ги нуди Brainster Next колеџот! Новиот уписен рок е отворен! Brainster Next College – Акредитирана високообразовна институција

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!